Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ел Зилзал: текст и превод на значењата

99. сура во Мусхафот, 8 ајети, започнува на страница 599.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел БејјинеСура Ел Адијат ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе,

2. и кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли,

3. и кога човекот ќе извика: „Што ѝ е?!“ –

4. тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува,

5. бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.

6. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат;

7. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види,

8. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел БејјинеСура Ел Адијат ›