Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ел Бејјине: текст и превод на значењата

98. сура во Мусхафот, 8 ајети, започнува на страница 598.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел КадрСура Ел Зилзал ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Не се одвоија од неверувањето неверниците меѓу следбениците на Книгата и многубошците, сè додека не им дојде доказот јасен:

2. Пратеник од Аллах кој рецитира листови чисти,

3. во коишто се наоѓаат прописи исправни.

4. А се поделија тие на коишто им е дадена Книгата токму тогаш кога им дојде доказот јасен,

5. а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат, и намазот (молитвата) да го извршуваат, и зекат да даваат; – па тоа е исправната вера!

6. Тие што не веруваат од следбениците на Книгата и многубошците, сигурно ќе бидат во огнот џехенемски, во кој вечно ќе останат; – тие се најлошите суштества.

7. А тие што веруваат и прават добри дела – тие навистина се најдобрите суштества,

8. наградата нивна кај Господарот нивен ги чека; еденски градини низ кои реки течат, во кои вечно и засекогаш ќе останат; Аллах ќе биде од нив задоволен, а и тие ќе бидат од Него задоволни. Ете, тоа ќе биде за тој што од Господарот свој се плаши!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел КадрСура Ел Зилзал ›