100. сура во Мусхафот, 11 ајети, започнува на страница 599.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Се колнам во тркачките коњи задишани,
2. па искри искрат,[1]
[1] Исфрлаат искри удирајќи со копитата по камења.
3. и кои в зори напаѓаат,
4. и трчајќи прав креваат
5. и така во него заеднички влегуваат.
6. Човекот, навистина, на својот Господар Му е неблагодарен
7. и самиот за тоа, навистина е свесен,
8. и тој, навистина, по богатството е алчен.
9. А зарем тој не знае дека, кога ќе бидат оживеани тие што се во гробовите
10. и кога ќе излезе на виделина тоа што е во срцата,
11. Господарот нивен тој Ден, сигурно, сè за нив ќе знае?
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.