Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Еттин: текст и превод на значењата

95. сура во Мусхафот, 8 ајети, започнува на страница 597.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел ИнширахСура Ел Алек ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Се колнам во смоквата и во маслинката,

2. и во гората Синајска,

3. и во градот овој безбеден,

4. дека човекот во најдобар облик го создаваме,

5. а потоа ќе го вратиме на најниските нивоa,

6. освен тие што веруваат и што прават добри дела, зашто нив ги чека постојана награда.

7. Па што, по ова, те наведува да го сметаш за лажен Судниот ден?

8. Па зарем Аллах не е Најмудриот Судија?!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел ИнширахСура Ел Алек ›