Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ел Алек: текст и превод на значењата

96. сура во Мусхафот, 19 ајети, започнува на страница 597.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура ЕттинСура Ел Кадр ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Читај во името на Господарот твој Кој создава,

2. го создава човекот од грутка крв!

3. Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој,

4. Кој поучува со перо,

5. Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.

6. Навистина човекот се осилува

7. штом независен ќе се почувствува,

8. а кон Господарот твој, навистина сите ќе се вратат!

9. Го виде ли ти тој што му забранува

10. на робот молитвата да ја извршува?

11. Дали е тој на Вистинскиот пат,

12. или пак, наредува богобојазливост?

13. Или лаже и главата од вистината ја врти?

14. Зарем не знае дека Аллах гледа сè?

15. Не чини така! Ако не престане со тоа, ќе го фатиме за чело,

16. за челото лажно и грешно!

17. Па, нека си го повика тој друштвото свое,

18. а Ние ќе ги повикаме Зебаниите.[1]

[1] Зебании – мелеците казнувачи кои имаат задача да ги казнуваат џехенемлиите (луѓето во пеколот).

19. Не чини така! Не слушај го ти него, туку на Господарот свој со сеџда поклони Му се и настојувај да Му се приближиш!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура ЕттинСура Ел Кадр ›