111. сура во Мусхафот, 5 ајети, започнува на страница 603.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна!
2. Нема да му биде од корист богатството негово, а ни тоа што го стекнал,
3. ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен,
4. и жена му која носи дрва;[1]
[1] Ебу Лехеб му бил чичко на Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, но и негов најголем противник, заедно со својата жена Уму Џемила, сестрата на многубошкиот лидер Ебу Суфијан. Ебу Лехеб во секоја прилика го клеветел Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, со тешки лаги, а неговата жена собирала трнливи дрва и трње кои ги фрлала по патот по кој поминувал Мухамед, Божјиот мир нека биде над него.
5. на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.