1. сура во Мусхафот, 7 ајети, започнува на страница 1.
1.Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот![1]
[1] Овој ајет, кај муслиманите познат по својата оригинална форма – Бисмиллах, се повторува пред секое поглавје во Куранот, освен пред деветтото. Еднаш е спомнат во поглавјето Немл како дел од ајет. Се смета дека тој е интегрален дел од Куранот и дека е објавен поради раздвојување на поглавјата едно од друго.
2. Сета благодарност Му припаѓа на Аллах[2], Господарот на световите[3].
[2] Аллах е арапски збор за Единиот Бог. Истото значење го има арамејскиот збор Елох. Во христијанството се користи поимот Отецот, а во јудаизмот Јахве. [3] Рабил Алемин – Господарот на световите. Зборот „Ер-Раб“ (со одреден член) го означува Оној Кој поседува сè и апсолутно располага со сè. Зборот Ел-Алемин означува сè, освен Возвишениот Аллах.
3. Семилосниот, Милостивиот.
4. Владетелот на Судниот ден.
5. Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!
6. Упати нè на Правиот пат[4].
[4] Сиратул мустеким – Правиот пат, тој означува пат кој е прав и широк; тоа е пат на кој нема нагорнини, надолнини, ниту кривини.
7. На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа ниту на тие што заталкаа!
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.