Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ел Гашија: текст и превод на значењата

88. сура во Мусхафот, 26 ајети, започнува на страница 592.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел АлаСура Ел Феџр ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Допре ли до тебе веста за Гашија?

2. Кога некои лица потиштени,

3. преморени и напатени

4. во огнот жесток ќе се пржат,

5. од изворот жежок ќе пијат,

6. и кога друга храна освен трње нема да има,

7. коешто нема да нахрани, а ни гладот нема да го отстрани.

8. Некои лица тој Ден ќе бидат радосни,

9. со трудот свој задоволни;

10. во Џенетот возвишен,

11. во кој нема да слушаат зборови празни.

12. Во него има извори кои течат,

13. и дивани скапоцени,

14. и пехари подигнати,

15. и перници наредени,

16. и килими постелени.

17. Па зошто не ја погледнат камилата како е создадена,

18. и небото како е воздигнато,

19. и планините како се поставени,

20. и Земјата како е прострена?!

21. Ти опоменувај – твое е да опоменуваш,

22. ти над нив власт немаш!

23. А тој што главата од Вистината ја врти и не сака да верува,

24. него Аллах со најголема казна ќе го казни!

25. Нам, навистина, тие ќе ни се вратат,

26. и пред Нас, навистина, сметката ќе ја полагаат!

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел АлаСура Ел Феџр ›