Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Еттарик: текст и превод на значењата

86. сура во Мусхафот, 17 ајети, започнува на страница 591.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел БуруџСура Ел Ала ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Се колнам во небото и во Тарик!

2. А знаеш ли ти што е Тарик?

3. Ѕвезда блескава!

4. Нема човек над кого некој не бдее.

5. Нека погледне човекот од што е создаден!

6. Создаден е од течноста што се исфрла,

7. од врската на надворешните делови на телата на мажот и на жената.

8. И Тој навистина е кадар повторно да го создаде,

9. оној Ден кога ќе биде испитувана совеста,

10. кога човек ниту сила ниту бранител ќе има.

11. И се колнам во небото дождливо

12. и во земјата која се отвора кога растенијата никнуваат,

13. Куранот навистина е говор кој ја раздвојува вистината од невистината,

14. тој не е никаква лакрдија!

15. Тие се служат со разни интриги,

16. а Јас ги уништувам,

17. затоа на неверниците дај им уште време, остави ги уште некој миг.

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел БуруџСура Ел Ала ›