Лого на ТартилТартилРадио во живо

Сура Ел Буруџ: текст и превод на значењата

85. сура во Мусхафот, 22 ајети, започнува на страница 590.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел ИншикакСура Еттарик ›

بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

1. Се колнам во небото ѕвездено

2. и во Денот веќе одреден,

3. и во сведокот и во посведоченото.

4. Проклети нека се тие што рововите ги ископаа,

5. и кои со оган и гориво ги наполнија,

6. кога околу него седеа

7. и беа сведоци на тоа што на верниците им го правеа!

8. А им се одмаздуваа само затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот,

9. Чијашто власт е на небесата и на Земјата, а Аллах е Сведок на сè.

10. Тие што верниците и верничките ќе ги мачат, и потоа нема да се покајат, ги чека казна во Џехенемот и исто така пржење во огнот.

11. А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела ги чекаат џенетски градини низ кои реки течат, а тоа голем успех ќе биде.

12. Одмаздата на Господарот твој, навистина, ужасна ќе биде!

13. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.

14. И Тој простува и полн е со љубов,

15. Господарот на Аршот, Возвишениот,

16. Тој прави што Му е Нему по волја.

17. Дали допре до тебе веста за војските,

18. за фараонот и за Семуд?

19. Но, тие што не веруваат постојано негираат,

20. а на Аллах тие нема да можат да Му избегаат.

21. А ова е Куранот величествен,[1]

[1] Левхил Махфуз.

22. на Плочата внимателно чувана.

Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)

Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.

Слушајте ги нејзините учењаПрочитајте ја сурата во Мусхафот со тефсир‹ Сура Ел ИншикакСура Еттарик ›