82. сура во Мусхафот, 19 ајети, започнува на страница 587.
بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
1. Кога небото ќе се расцепи,
2. и кога ѕвездите ќе испопаѓаат
3. и кога морињата едни во други ќе се влеат,
4. и кога гробовите ќе се испревртат,
5. секој ќе дознае што подготвил, а што пропуштил.
6. О, човеку, што те измами толку та си Му непокорен на својот Благороден Господар,
7. Кој те создал – та направил да си складен и да си исправен –
8. и каков што сакал лик ти дал?
9. А не чини така! Вие во Судниот ден не верувате,
10. а над вас бдеат чувари,[1]
[1] Мелеци.
11. кај Нас благородни писари,
12. кои знаат што правите.
13. Честитите сигурно ќе бидат во Џенетот,
14. а грешниците сигурно во Џехенемот,
15. на Судниот ден во него ќе горат
16. и веќе од него изведени нема да бидат.
17. А знаеш ли ти што е Судниот ден?
18. И уште еднаш: Знаеш ли ти што е Судниот ден?
19. Денот кога никој никому нема да може ни малку да му помогне, тој Ден власта единствено Аллах ќе ја има.
Превод на значењата: Macedonian Translation - a group of Macedonian scholars, верзија 1.0.1, објавен без измени од QuranEnc.com. (QuranEnc.com)
Преводот ги пренесува значењата на Куранот, но не е самиот Куран; Куранот е арапскиот текст погоре.